Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека претстојниот состанок на ниво на лидери на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина е важен, но дозволата за укинување на ограничувањата на нападите длабоко во Русија мора да биде дадена од одделни земји на НАТО, а не од Алијансата во целина.
Еден од најдолгите генерални секретари на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја.
Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.
Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел.