„Иран двапати истрела стотици проектили на нашата територија и нашите градови – напади со балистички ракети се едни од најголемите во историјата.
Израел има должност и право да се брани и да одговори на овие напади и ние ќе го сториме тоа“, рече Нетанјаху во видео изјава. Fokus
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го менува балансот на силите на северот и дека има „должност“ да му возврати на Иран и дека тоа ќе го направи, пренесе „Тајмс оф Израел“ Нетанјаху беше дециден дека Израел ќе удри врз Иран по нападот од вторникот со над 180 балистички ракети, што Иранците го изведоа како одговор на израелските убиства на лидерите на Хамас и Хезболах, како и агресијата врз Либан. Republika