Милитантите на Хезболах денеска истрелаа артилериски гранати и ракети врз израелските војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.
На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од 8 отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.
Израелските воздухопловни сили уште еднаш нападнаа команден центар на палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово, јави ДПА.
Изминатата година на Блискиот Исток беше година на незамисливо страдање, соопштија денеска ОН. Денеска се одбележува една година од терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас и други палестински вооружени групи во кој беа убиени повеќе од 1,200 луѓе во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.