Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев. Libertas
Доколку биде избрана за претседател, средбата со рускиот претседател „нема да се одржи билатерално, без Украина“, изјави Камала Харис гостувајќи во емисијата „60 минути“’ на телевизијата за Си-Би-Ес. -Украина е таа која се прашува за иднината на Украина, рече таа.
Украина е загрижена за можното губење на американската поддршка во случај на победа на Доналд Трамп, кој редовно ги осудува големите издвојувања на Вашингтон за Киев од 2022 година. Republika
Во 2020 година, пишува Вудворд, Трамп „тајно му испратил на Путин куп машини за тестирање на Abbott Point of Care Covid за негова лична употреба“.
За време на екот на пандемијата, Русија и Соединетите држави разменија медицинска опрема како што се вентилатори. Civilmedia
Кремљ во средата потврди дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп испратил комплети за тестирање на рускиот претседател Владимир Путин за Ковид-19 за време на екот на пандемијата, како што објави американскиот новинар Боб Вудворд во новата книга. Nezavisen
Пред неколку дена милијардерот Илон Маск се појави со Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија.
Веќе во јули сопственикот на производителот на автомобили „Тесла“ и социјалната мрежа „Х“ јавно се изјасни за поддршка на Трамп на претстојните претседателски избори. Biznisvesti