Албанскиот премиер Еди Рама денеска на прес-конференција по одржување на втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери, го коментираше одвојување на Албанија од Северна Македонија на патот кон Европската Унија, пренесува МИА.
Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ. Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети го поздрави отворањето на преговорите меѓу Албанија и Европската унија, со отворањето на првото преговарачко поглавје.
Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава, порача денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери.