Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до израелската Влада во кое бара таа да работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа во следните 30 дена.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до израелската Влада во кое бара таа да работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа во следните 30 дена или ризикува да ги прекрши американските закони со кои се регулира странската воена помош, јави Си-Ен-Ен. Писмото, заеднички напишано од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, беше упатено до израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и министерот за стратешки прашања Рон Дермер. Kanal5
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден испрати писмо до израелската влада во кое бара да работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа во следните 30 дена или ризикува да ги прекрши американските закони кои ја регулираат странската воена помош, објави Си-Ен-Ен. Писмото, заеднички напишано од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, беше упатено до израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и министерот за стратешки прашања Рон Дермер.
Барањето претставува нов чекор на САД во обид да го принудат Израел да ја олесни испораката на хуманитарна помош во Газа. A1on
Се вели дека наредбите за евакуација принудиле 1,7 милиони луѓе во тесен крајбрежен појас, каде што се „изложени на висок ризик од смртоносна инфекција“.
Во писмото се бара „итна и одржлива акција од вашата влада овој месец за да се смени овој тренд“. Kanal5