„Нашата иднина ќе биде напишана заедно“, изјави Мецола и додаде дека лидерството и храброста на Санду „го сменија текот на историјата“.
Повеќе од половина од гласачите во Молдавија на референдумот гласале за влез на земјата во Европската унија, покажуваат најновите резултати на Централната изборна комисија, откако обработиле 98,42 отсто од гласачките материјали. Fokus
„Повторно го направивте тоа!
Соочејќи се со хибридните тактики на Русија, Молдавија покажува дека е независна, силна и сака европска иднина“, рече Фон дер Лејен. Kanal5
" „Ваш суверен избор е што да правите со вашата земја и никој не може да се меша.
Се разбира, зборувајќи како претседател на Европската комисија, верувам дека местото на Молдавија е во нашата Европската унија“, рече фон дер Лајен при посетата на Кишињев на 10 октомври. Slobodnaevropa
Молдавија покажува дека е независна, силна и сака европска иднина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако повеќе од половина од гласачите на референдумот во таа поранешна советска република го поддржаа пристапувањето на Молдавија во Европската унија.
Претседателката на Комисијата на социјалната мрежа Икс им честиташе на народот на Молдавија и на претседателката на таа земја Маја Санду за резултатите. Kanal5
Претходно, синоќа Централната изборна комисија соопшти дека граѓаните на Молдавија на референдумот не гласале за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“.
Во рамките на референдумот беше потребно да се одговори на едно прашање: „Дали поддржувате измени на Уставот со цел членство на Република Молдавија во Европската Унија?“. Republika
Набљудувачите предупредија дека првите резултати најверојатно ќе дојдат од дијаспората во Русија и на други места во поранешниот Советски Сојуз, што значи дека водството на Санду би можело да се зголеми додека се пребројуваат гласовите од самата Молдавија.
Делегација на набљудувачи на изборите од повеќе од десет земји помогна во следењето на двете гласања во Молдавија. Slobodnaevropa