Молдавија покажува дека е независна, силна и сака европска иднина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако повеќе од половина од гласачите на референдумот во таа поранешна советска република го поддржаа пристапувањето на Молдавија во Европската унија. Fokus
Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел и Европската комисија денеска ги поздравија резултатите од првиот круг од претседателските избори во Молдавија, како и уставниот референдум за продолжување на патот на поранешната советска република кон членство во Европската унија. Biznisvesti
„Посветени сме да продолжиме да го поддржуваме демократскиот развој, реформите и економскиот раст на Молдавија, како и да ја зајакнеме отпорноста на Молдавија, особено на нејзиниот пат кон Европската унија.
Европската унија и Молдавија споделуваат заедничка иднина“, се вели во соопштението. Biznisvesti