Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се однесува кон потпретседателката Камала Харис „како кон бебе“ доколку таа биде избрана во Белата куќа и дека тоа ќе наликува како „голем шаховски мајстор да си игра со почетник“.
Речиси 25 милиони гласачи веќе учествуваа на претседателските избори во САД преку предвремено гласање или гласање по пошта, според податоците од Универзитетот во Флорида.
Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира.
Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите на претседателските избори, Камала Харис го нарече републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп „фашист“, опишувајќи го како „опасен“ и „неспособен“ за функцијата за која се кандидира.