Овој документ ги доведува односите меѓу Русија и Северна Кореја на ниво на сојуз, има цел да се продлабочат партнерството и стратегиската интеракција во широк спектар приоритетни области за двете држави и да се изгради фер мултиполарен меѓународен систем – рече Руденко и, истовремено, смислено додаде дека „времето на тајните договори заврши!“ Вревата што се крена минатата недела, откако беше потврдена веста дека севернокорејските елитни специјални сили (наводно меѓу 10 и 12 илјади од нив, според јужнокорејски извори) пристигнале на рускиот Далечен Исток, се облекле во руски воени униформи и почнале да тренираат со руските специјални сили на воените полигони таму, по што можеби ќе можат да се преселат на украинските фронтови, би можела дополнително да се засили по најновите вести. Novamakedonija