Молдавија, денес вие сте победници.
Заедно, ја покажавме силата на нашето единство, демократија и посветеност на достоинствена иднина, напиша Санду на Х доцна синоќа. Biznisvesti
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, освои втор мандат, соопшти изборната комисија на земјата. Novamakedonija
Според него, со поддршката за Санду народот на Молдавија ја потврдил довербата во нејзиното лидерство, стабилноста и посветеноста на европската иднина.
Со зборовите „честитки, драга Маја Санду“, победата на изборите на шефицата на молдавската држава и ја честиташе и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен – Потребен е редок вид на сила за да се надминат предизвиците со кои се соочивте на овие избори. Biznisvesti
ЕУ ќе продолжи да работи со претседателот и молдавските власти за промовирање на понатамошни реформи и зајакнување на стабилноста и просперитетот на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ, вклучително и преку неодамна објавениот План за раст за Молдавија, се додава во заедничката изјава на ЕК и Борел.
Претходно, лидерите на европските институции претпладнево во одделни објави на платформата Икс и ја честитаа победата на Санду на изборите. Biznisvesti
Честитки, почитувана претседателке Маја Санду за Вашата победа на претседателските избори во Молдавија, наведе претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во објавата.
Според него, со поддршката за Санду народот на Молдавија ја потврдил довербата во нејзиното лидерство, стабилноста и посветеноста на европската иднина. Biznisvesti
Според високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, со реизборот на Санду, Молдавците уште еднаш ја покажале својата решеност да градат европска иднина и покрај хибридните обиди да се поткопа демократијата.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, пак, упатувајќи и „срдечни честитки“ на Санду за нејзиниот реизбор, наведе дека ЕУ продолжува да ја поддржува Молдавија на нејзиниот европски пат. Biznisvesti