Молдавската претседателка Маја Санду освои втор мандат, објави изборната комисија на земјата, победувајќи го нејзиниот ривал Александар Стојаногл, кој е поддржан од традиционално проруската Социјалистичка партија.
Со пребројани повеќе од 98 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во неделата, Санду обезбеди околу 54 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати на комисијата. Mk
Проевропската кандидатка Маја Санду прогласи победа на претседателските избори во Молдавија, откако освои 54,35% од гласовите во вториот круг против Александра Стојаногло, близок до Русија. Telma