Демократската претседателска кандидатка на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, според новата анкета на Des Moines Register/Mediacom во Ајова објавена вчера.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја критикуваше идејата жените да не им кажуваат на своите мажи за кого гласаат, откако демократката Камала Харис во предизборна реклама им порача на жените да не споделуваат со своите партнери за кого гласаат.
Денес, Камала Харис се упатува во Висконсин на два настани – еден во округот Отагами и друг во Милвоки.
Украина, исцрпена по речиси три години руска инвазија, нервозно ги чека претседателските избори во вторник во САД, при што некои стравуваат од катастрофа доколку победи Доналд Трамп.