Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина.
Големиот земјотрес што не предизвика никакви проблеми, беше регистриран кусо по 19 часот по локално време во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а во период од нешто повеќе од 12 часа биле регистрирани 68 земјотреси помали од 2 степени со исклучок на еден од 3,8 и еден од 4,2 степени што беа само неколку минати по силниот.