Би-би-си За време на изборната кампања, американските гласачи беа бомбардирани со слики на двајцата кандидати – додека тие зборуваат од бината, ја поздравуваат толпата на митинзи и се спуштаат по скалите додека излегуваат од авионот.
Последниот викенд пред претседателските избори во САД, демократката Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп во сабота ќе се обидат да добијат што е можно поголема поддршка од гласачите во Северна Каролина, една од клучните сојузни држави за конечниот исход на изборите.
Во финишот на трката за Белата куќа, демократската претседателска кандидатка Камала Харис се појави во саботата во скеч на популарно забавно ТВ шоу, додека нејзиниот републикански противник Доналд Трамп изјави на митинг во Северна Каролина дека денот на изборите, 5 ноември, ќе биде „денот на ослободување на Америка“.