Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му ја честиташе победата на изборите на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп и рече дека верува во продолжувањето на силната поддршка на оваа земја за Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му честиташе на Доналд Трамп за, како што вели, „импресивната изборна победа“ Се сеќавам на нашата прекрасна средба со претседателот Трамп во септември, кога детално разговаравме за украинско-американските односи, стратешкото партнерство, Планот за победа и начините за ставање крај на руската агресија врз Украина.