Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
0.00
11.74
2.25/0.00
9.00
2.15
0.24
744.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
9 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 59.0
Best clustering variants
9 0.99/0.01 2 59.0
20:24 h 06-Nov-2024
  • Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека американската политика ќе го обликува нивниот однос со новата американска администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
  • ◉ ХАМАС: Нашиот однос со Америка ќе зависи од политиката на администрацијата на Трамп
13:53 h 04-Nov-2024
  • Израелската полиција го уапси блискиот соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Елиезер Фелдштајн поради „пренесување доверливи информации на странски медиуми“.
  • Уапсен близок соработник на Нетанјаху – праќал лажни информации до странски медиуми
13:49 h
  • Сомнителното истекување на доверливи документи за Газа во кои е вклучен помошник на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја потресе израелската политика и ги налути семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас, кои се залагаат за договор за враќање на нивните најблиски дома.
  • Нетанјаху во фокусот на скандал: Уапсен негов помошник поради истекување информации
Kanal5

Израелската полиција го уапси Елиезер Фелдштајн, висок функционер и помошник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за наводно објавување доверливи разузнавачки информации до странски медиуми со намера да го саботира договорот со Хамас за примирје и ослободување на заложниците, пренесоа денеска западните медиуми.

Лидерите на израелската опозиција обвинуваат висок функционер од кабинетот на Нетанјаху за „фалсификување“ на разузнавачки информации како дел од поширок план за саботирање на договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на израелските заложници кои ги држат палестинските милитанти во Појасот Газа, пренесува Си-Ен-Ен. Истрагата се фокусира на обвинувањата дека кабинетот на премиерот го промовирал во странските медиуми тврдењето дека Хамас планира да прошверцува киднапирани лица од Појасот Газа во Египет и со тоа да создаде поделби во израелското општество. Kanal5