Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак – и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два.
Демократската претседателска кандидатка на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, според новата анкета на Des Moines Register/Mediacom во Ајова објавена вчера.
За време на изборната кампања, американските гласачи беа бомбардирани со слики на двајцата кандидати - додека тие зборуваат од бината, ја поздравуваат толпата на митинзи и се спуштаат по скалите додека излегуваат од авионот.
Камала Харис и Доналд Трамп со жестоко темпо ја продолжија изборната кампања, претставувајќи се како спасители на САД во последниот викенд пред изборите, чиј исход се уште е многу неизвесен...