Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД, на претседателските избори освои 295 електорски гласови и ја победи кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, која освои 226 електори, покажуваат мајновите проекции на Асошиетед прес.
Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Мичиген, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Јужна Дакота, Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.