Победникот на американските претседателски избори, Доналд Трамп, освои 301 електорски глас , наспроти 226 на кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, покажуваат најновите проекции на медиумската компанија Еј-Би-Си Њуз (ABC News)). Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Мичиген, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Јужна Дакота, Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.
Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД, на претседателските избори освои 295 електорски гласови и ја победи кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, која освои 226 електори, покажуваат мајновите проекции на Асошиетед прес.
Американците избираат претседател по 60-ти пат во историјата, а целиот свет го чека исходот кој ќе влијае на голем број глобални конфликти и кризи.