Германскиот канцелар Олаф Шолц ноќеска се обрати до јавноста по одлуката за разрешување на министерот за финансии Кристијан Линднер, при што изјави дека на 15 јануари ќе се гласа за доверба на актуелната влада. Libertas
Шолц го обвини претседателот на ФДП, партијата која заедно со СПД и Зелените ја предводат германската владејачката „семафор коалиција“, за опструкции во преговорите за буџетот, велејќи дека ја ставил својата партија пред државата.
Шолц најави дека пратениците во Бундестагот на 15 јануари ќе гласаат за доверба на владата, каде се очекува мнозинството пратеници да бидат против продолжување на мандатот. Biznisvesti