Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му честиташе на Доналд Трамп, обраќајќи му се како претседател на САД, со порака дека е „подготвен заедно да работат“ како и пред четири години, за време на претходниот негов мандат.
Претседателот на Франција Емануел Макрон со куса порака на мрежата Икс му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.