Маск, кој се декларира како поддржувач на Трамп, го зголеми своето богатство благодарение на скокот на акциите на Тесла и со тоа дополнително ја зацврсти позицијата на најбогат човек во светот.
Богатството на основачот на Амазон, Џеф Безос, второрангиран милијардер на листата на Блумберг, се зголеми за седум милијарди долари, а претседателот на Оракл Лери Елисон, симпатизер на републиканците, преку ноќ стана побогат за речиси 10 милијарди долари и сега „вреди“ 193 милијарди долари. A1on