Меѓу членовите на Демократската партија има незадоволство и преиспитување откако американската потпретседателка Камала Харис доживеа шокантен изборен пораз, пренесоа американските медиуми.
Потпретседателката на САД, Камала Харис официјално му честитала на Доналд Трамп за победата на изборите за претседател на државата, јави Си-Ен-ЕН. Висок помошник на Харис изјави дека таа „го повика новоизбраниот претседател Трамп за да му честита за победата на претседателските избори во 2024 година.
Потпретседателката на САД, Камала Харис, се обрати до своите поддржувачи и им се заблагодари за поддршката, но и го призна поразот од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.