Германскиот канцелар Олаф Шолц мора веднаш да побара гласање за доверба на неговата влада во парламентот и да не чека јануари како што предложи, изјави денеска лидерот на германските опозициски конзервативци (ЦДУ) Фридрих Мерц.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го назначи Јерг Кукиес за нов министер за финасии на Германија, откако вчеравечер го разреши претходниот Кристијан Линднер, за кој рече дека повеќе и служел на својата партија отколку на општото добро, „Фајненшл тајмс“.
Германската владејачка коалиција од три партии се распадна вечерва, откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, кој е и лидер на партијата на Либералите, помалиот коалициски партнер во Владата.