Висок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вели дека новата администрација ќе се фокусира на постигнување мир во Украина, наместо да дозволи земјата да ја врати територијата окупирана од Русија. Denesen
Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година.
Осум години подоцна, таа започна инвазија на Украина и окупираше територии на истокот на земјата. Denesen
Реизбраниот американски претседател постојано вели дека негов приоритет е ставање крај на војната и запирање на, како што вели, трошење на ресурсите на американската воена помош за Украина.
Ланза, политички советник на поранешниот претседател откако Трамп ја започна кампањата во 2016 година, не ги спомна областите во источна Украина, но рече дека враќањето на Крим од Русија е нереално и „не е цел на САД“. Denesen