Хина Портпаролот на угнетената Америка кој стана жесток поддржувач на „трампизмот“, Џеј Ди Венс ќе стане американски потпретседател по изборната победа на Доналд Трамп, што ќе биде врв на неговата нетипична животна приказна и молскавично брз политички подем, пишува Франс Прес.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека по прогласувањето на победата на изборите не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, но кажа оти „мисли дека ќе зборуваат“.
Советниците на Трамп му сугерирале замрзнување на конлфиктот во Украина долж линијата на фронтот и демилитаризирана зона од најмалку 1.200 километри, предавање на приближно 20 отсто од територијата на Украина на Русија и „привремено суспендирање“ на обидите на Киев да се приклучи на НАТО, во четвртокот, повикувајќи се на извори блиски до новоизбраниот претседател.