Русија во војната против Украина би била неуспех за САД, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во време на загриженост меѓу западните земји дека САД може да ја запре помошта за Киев во текот на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Denesen
Борел е првиот висок функционер на ЕУ кој го посети Киев по победата на републиканецот на претседателските избори во САД минатата недела.
Неговото доаѓање се случува и во време на тешка ситуација за Украинците на бојното поле, исцрпени во речиси три години војна. Kanal5
Враќањето на Трамп во Белата куќа предизвикува загриженост во Украина и Европа за можното запирање на американската воена и финансиска помош за Украина која е клучна за Киев.
За време на претседателската кампања Трамп ја доведе во прашање оваа помош и најави дека брзо ќе ја прекине војната во Украина. Republika
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина. Plusinfo