Програмата на италијанската премиерка Џорџа Мелони за спроведување на процесот на проверка на барателите на азил во Албанија, надвор од границите на Европската унија, денеска повторно наиде на пречка, бидејќи судот во Рим одби да донесе одлука за формалното барање седум мигранти да биде сместен во прифатен центар во Албанија. Sitel
Од Ѓадр до пристаништето Шенѓин, каде се наоѓа прифатниот центар, биле пренесени со полициски комбиња, а од таму за Италија со бродот на крајбрежната стража „Висали“.
Тоа следува по вчерашната одлука на имиграцискиот оддел на Судот во Рим кој одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ. „Одделот за имиграција на судот во Рим одлучи да го упати до Европскиот суд на правдата прашањето за имигрантите, кои според договорот Италија-Албанија ќе се сместуваат во кампот во Ѓадр во Албанија, со што ја суспендираше мерката на важност“, објавија вчера албанските медиуми. Telma
Ниту Бангладеш ниту Египет не се сметаат за безбедни земји според европските закони.
Италија е првата членка на Европската Унија која ги обработува барањата за азил надвор од ЕУ. Другите членки на Европската Унија внимателно ја следат ефективноста на планот на Мелони бидејќи размислуваат за сличен пристап. 360stepeni
Договорот на 6 ноември минатата година во Рим го потпишаа италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзиниот албански колега Еди Рама, со важност од пет години и можност за продолжување.
Парламентите на двете земји го ратификуваа и покрај противењето на опозициските пратеници во двата законодавни дома. Libertas