Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина.
Борел е првиот висок функционер на ЕУ кој го посети Киев по победата на републиканецот на претседателските избори во САД минатата недела Победа на Русија во војната против Украина би била неуспех за САД, изјави шефот за надворешна политика на Европската Унија Жозеп Борел, во време на загриженост меѓу западните земји дека САД може да ја запре помошта за Киев во текот на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.