На крај, уплашени се сите оние кои живеат од маката на милионите нелегални мигранти; сите оние кои, како малцинска “елита“, владеат со мнозинството од народот кој полека се буди; уплашени се дел од оние кои вршат геноцид во Газа; оние кои живеат за војните и од војните, па мирот е вистинска ноќна мора за нив; уплашени се сите кои на кој и да е начин учествуваа во уништување на моралните вредности, во уништување на децата преку воук вирусот и лгбт идеологијата, во уништување на семејствата и нивната иднина… Од друга страна, задоволни и полни со надеж се сите луѓе ширум светот кои сакаат да си ги задржат традициите и традиционалните вредности, да го сочуваат моралот, да си ги зачуваат децата, семејствата и нацијата, сите оние за кои мирот е благодет за човештвото, а не само состојба меѓу две војни, како за либералните елити.