Denesen
Тоа, впрочем, веќе го докажа со обидите на сите можни начини да ја спречи кандидатурата на Трамп, а, откако не успеа, бевме сведоци на два, можеби и три, неуспешни атентати врз него.
Оттука, светот со право е уплашен од деновите што следат до преземањето на власта во САД од страна на победникот на изборите – најпрво, заради внатрешните случувања во САД, каде веќе започнаа протести против Трамп, полни со омраза, лаги и конструкции и, случувањата во светот, каде, можеби постојат сили подготвени да ги искористат овие денови на, условно наречен, вакуум во американската власт. Denesen