Denesen
Со тоа, имајќи го веќе мнозинството во Конгресот, Трамп, за разлика од својот прв мандат, во наредните две години (кога ќе се одржат изборите за Конгресот), има можност за целосна реализација на она што го ветуваше, а што мнозинството Американци го препознаа како своја потреба.
Изборите донесоа пораз на Демократската партија, како отуѓена либерална елита, која секојдневно бегаше од работничките проблеми, од средната класа, од сиромашните и немоќните, па, тие, на денот на изборите “побегнаа“ од оваа отуѓена “елита“ и се свртеа кон Трамп кој цело време говореше токму за нивните економски проблеми. Denesen