По свеченото отворање, на Самитот ќе говорат повеќе од 20 шефови на држави.
Годишниот самит на ОН за климатски промени COP29 (UN Climate Change Conferences) започнува денеска во Баку, главниот град на Азербејџан, и ќе трае до 22 ноември, а ќе собере лидери на бројни земји, претставници на бизнисот и граѓанското општество со цел да се забрзаат активностите за решавање на проблемот со климатска криза. Kanal5
Првата конференција на COP беше одржана во Берлин во 1995 година и оттогаш целта беше да се најдат начини да се запрат климатските промени и да се намали глобалното затоплување.
За време на минатогодишниот самит во Дубаи, земјите ветија тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година. Kanal5
Официјалното отворање на Самитот на Олимпискиот стадион „Баку“ е планирано за вторник, а свое обраќање ќе имаат домаќините – претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
По свеченото отворање, на Самитот ќе говорат повеќе од 20 шефови на држави. Biznisvesti