Кремљ го демантираше извештајот на американски медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарале по телефон минатата недела за конфликтот во Украина.
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори.
Тимот за транзиција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека републиканскиот оперативец кој ги претстави потенцијалните контури на мировниот план за Украина со поддршка на САД не зборувал во име на новоизбраниот претседател.
По победата на претседателските избори, Доналд Трамп започна интензивна дипломатска активност по телефон, и според републиканецот, во изминатите неколку дена разговарал со околу 70 светски лидери.