Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека нема да се согласи на каков било прекин на огнот во Либан што не вклучува разоружување и повлекување на Хезболах северно од либанската река Литани или дозволување на жителите на северен Израел да се вратат во своите домови. A1on
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека нема да се согласи на каков било прекин на огнот во Либан што не вклучува разоружување и повлекување на Хезболах северно од либанската река Литани или дозволување на жителите на северен Израел да се вратат во своите домови.
„Нема да правиме прекини на огнот, нема да ја тргнеме ногата од педалата за гас и нема да дозволиме некаков аранжман што не вклучува постигнување на целите на војната, а пред се правото на Израел да спроведува и дејствува самостојно против каква било терористичка активност“, рече Кац. Libertas
Претседателот на либанскиот Парламент, Набих Бери, денеска изјави дека не постои разумен човек кој мисли дека Либан ќе се согласи на договор за прекин на огнот што ги унапредува интересите на Израел на сметка на либанскиот суверенитет. Kanal5
Во соопштението на екстремистичката организација се наведува дека извршила „воздушен напад од ескадрила експлодирачки беспилотни летала“ на местото каде што се наоѓаат главните одбранбени институции на Израел.
Израелската армија претходно објави дека пресретнала два дрона од Либан на северот на Израел. Mk