Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, поднесе оставка, откако се соочи со зголемен притисок да се повлече откако минатата недела беше откриено дека не реагирал доволно ригорозно на извештаите за злоупотреба на деца поврзани со црквата.
Независната ревизија на Кит Макин за злоупотреба на деца и млади од страна на адвокатот Џон Смит беше објавена минатата недела, јавува Би-Би-Си. Се наведува дека во текот на пет децении во три различни земји дури 130 момчиња и млади мажи во Велика Британија и Африка биле наводно подложени на трауматски физички, сексуални, психички и духовни напади од страна на Џон Смит.