Друг фактор што, според Фукујама, влијаел на промената на општествената структура и политичкиот систем е подемот на идентитетската политика или, како што тој го нарекува, „разбудениот либерализам“ Изборниот успех на Доналд Трамп и на Републиканската партија во САД го најавува почетокот на новата ера на американската политика, обележана со драматично отфрлање на основите на либерализмот каков што го знаеме од 1980-тите, тврди Френсис Фукујама, висок соработник во Центарот за демократија, развој и владеење на правото на „Стенфорд“, анализирајќи ги последиците од исходот на неодамнешните американски избори, во авторски напис за „Фајненшл тајмс“.