Лидерите на арапските и муслиманските земји го повикаа Израел од самитот во Ријад целосно да се повлече од арапските територии што ги окупираше за да се постигне „сеопфатен“ мир на Блискиот Исток, пренесуваат агенциите.
Во завршната декларација од вчерашниот самит беше нагласено дека „праведен и сеопфатен мир во регионот“ не може да се постигне без „да се стави крај на израелската окупација на сите окупирани територии“ од 1967 година – кога Израел ја започна окупацијата на Западниот Брег, Источен Ерусалим. и сирискиот Голан, и тоа во согласност „со резолуциите на Обединетите нации и арапскиот мировен план од 2002 година“.
Лидерите на арапските и муслиманските земји кои се состанаа на самитот во Саудиска Арабија вчера го повикаа Израел целосно да се повлече од арапските територии што ги окупираше со цел да се постигне „сеопфатен“ мир на Блискиот Исток. Libertas
Самитот во Ријад, посветен на ситуацијата на Блискиот Исток, беше можност за неговите учесници да ги утврдат нивните очекувања од идната администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
За време на неговиот прв мандат, Трамп направи многу потези во корист на Израел, особено со преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, но придонесе и за нормализирање на односите со Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Мароко и Судан. Fokus
Лидерите на арапските и муслиманските земји се состанаа вчера на Самит одржан во Саудиска Арабија, од каде го повикаа Израел да се повлече од окупираните арапски територии, со цел да се постигне сеопфатен мир на Блискиот Исток.
„Праведен и сеопфатен мир во регионот не може да се постигне без да се стави крај на израелската окупација на сите окупирани територии од 1967 година, кога Израел ја започна окупацијата на Западниот Бред, Источен Ерусалим и сирискиот Голан. Alsat
„Праведен и сеопфатен мир во регионот (…) не може да се постигне без да се стави крај на израелската окупација на сите окупирани територии“ од 1967 година – кога Израел ја започна окупацијата на Западниот Брег, Источен Ерусалим и сирискиот Голан – и во во согласност со резолуциите на ОН и арапскиот мировен план од 2002 година“, се вели во завршната декларација на самитот.
Овој заеднички самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка, чиј домаќин е Саудиска Арабија, повикува на единство на сите палестински територии – Појасот Газа и окупираниот Западен Брег – во рамките на палестинската држава, за што тој потврдува дека главниот град мора да биде Источен Ерусалим, окупиран од Израел. Libertas
Желбата за формирање палестинска држава во овој момент не е реална, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар на прес-конференција одржана во Ерусалим.
Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.
Секретарот за одбрана кој го номинираше новоизбраниот американски претседател е поранешен воен ветеран и телевизиски водител во Фокс њуз без поголемо политичко искуство.
Трамп го назначи Маск во неговата администрација и направи неконвенционален избор за секретар за одбрана - водечка тема во западниот печат.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека го избрал инвеститорот во недвижности и донатор на кампањата Стивен Виткофф за свој специјален пратеник за Блискиот исток.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе го именува поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција (ДНИ) Џон Ретклиф.
На денешната средба во Париз помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ќе се разговара за можноста да го убедат претседателот во заминување на САД, Џо Бајден да и дозволи на Украина да лансира ракети „Сторм шедоу“ (Storm shadow) врз Русија, објави британскиот весник Телеграф.
Британскиот и францускиот лидер во понеделник ќе разговараат за тоа дали Џо Бајден, американскиот претседател во заминување, може да биде убеден да ѝ даде дозвола на Украина да истрела ракети „Сторм Шадоу“ длабоко во Русија, велат упатените во британската влада.