Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) потврди денеска дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година. Republika
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер синоќа оцени дека е „реален предлогот на трите опозициски партии предвремените парламентарни избори во земјата да се одржат на 23 февруари следната година“.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека Штајнмаер го поздравува фактот што парламентарните групи договориле „патоказ“ за гласање доверба на владата на 16 декември и го смета 23 февруари следната година за реален датум за нови избори. Kanal5
Се очекува тој веднаш да го објави датумот за гласање доверба на владата, што се очекува да го загуби неговата коалиција, со што ќе се отвори патот за избори.
Гласањето за доверба би можело да се одржи на 18 декември. Nezavisen