И покрај тоа што се нарекува министерство, не станува збор за владина агенција, пишува британски „Гардијан“.
Имено, Трамп изјави дека Маск и Рамасвами ќе бидат надворешни соработници, кои ќе и даваат совети и насоки на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да поттикнат, како што вели новозибраниот претседател на САД, структурни реформи од големи размери кои треба да создадат претприемачки пристап на владата кој никогаш претходно не бил виден. 360stepeni
„Тој ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да го намали расипничкото трошење и да ги преструктуира федералните агенции“, рече Трамп.
Трамп рече дека новиот оддел ќе ги исполни долгогодишните републикански соништа и ќе „обезбеди совети и насоки надвор од владата“, сигнализирајќи дека улогите на Маск и Рамасвами ќе бидат неформални, без да се бара одобрување од Сенатот, што ќе му овозможи на Маск да остане на чело на компанијата за електрични автомобили Tesla, медиумската платформа X и ракетната компанија SpaceX. Kajgana
Трамп изјави дека ќе го номинира водителот на „Фокс њуз“, Пит Хегсет за функцијата министер за одбрана.
За него Трамп вели дека е цврст, паметен и вистински верник. Libertas