Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека израелската армија од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа и на Западниот Брег убила повеќе од 12.000 и ранила 19.000 палестински ученици и студенти.
Министерството појасни дека од 7 октомври 2023 во Појасот Газа биле убиени 11.249 ученици, а 17.335 биле ранети, додека на Западниот Брег 80 ученици биле убиени, 479 биле ранети.
Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека израелската армија од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа и на Западниот Брег убила повеќе од 12.000 и ранила 19.000 палестински ученици и студенти. Libertas
Меѓу персоналот на универзитетите, 117 загинале, а 1.221 биле ранети.
На Западниот брег, според Министерството, загинале тројца членови на наставниот кадар, 17 се ранети, а 144 се уапсени, додека деветмина од универзитетскиот персонал биле уапсени. Nezavisen
Во однос на израелски напади врз образовни објекти, 77 училишта во Појасот Газа биле целосно уништени, а 171 училиште претрпеле големи штети.
Исто така, 126 државни училишта и 65 училишта кои припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) биле цел на бомбашки и вандалски напади. Civilmedia
На Западниот брег, според Министерството, загинале тројца членови на наставниот кадар, 17 се ранети, а 144 се уапсени, додека деветмина од универзитетскиот персонал биле уапсени.
Во однос на израелски напади врз образовни објекти, 77 училишта во Појасот Газа биле целосно уништени, а 171 училиште претрпеле големи штети. Civilmedia
Новиот израелски министер за одбрана Израел Кац изјави дека, по израелските воздушни напади врз иранските системи за противвоздушна одбрана, иранските нуклеарни постројки се „поранливи од кога било“.
Новиот израелски министер за одбрана Израел Кац изјави вчера дека по израелските воздушни напади врз иранските системи за противвоздушна одбрана, иранските нуклеарни објекти се „поранливи од кога било“.
Лидерите на арапските и муслиманските земји го повикаа Израел од самитот во Ријад целосно да се повлече од арапските територии што ги окупираше за да се постигне „сеопфатен“ мир на Блискиот Исток, пренесуваат агенциите.
Лидерите на арапските и муслиманските земји кои се состанаа на самитот во Саудиска Арабија вчера го повикаа Израел целосно да се повлече од арапските територии што ги окупираше со цел да се постигне „сеопфатен“ мир на Блискиот Исток.
Околу 100 ракети двапати беа истрелани од Либан кон областа Хаифа во Израел, а во нападите беа оштетени куќи и автомобили, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ). ИДФ соопшти дека во првиот напад биле истрелани 80 ракети, од кои повеќето биле соборени од противвоздушна одбрана, но неколку ракети експлодирале во градовите, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска денеска соопшти дека либанската шиитска милиција Хезболах истрелала околу 165 ракети кон северот на Израел.
САД во Обединетите нации нагласија дека Израел не треба да спроведува „политика на принудно раселување или гладување во Газа“, предупредувајќи дека таквата политика ќе има сериозни последици според американското и меѓународното право.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го повика Израел да ги отвори сите гранични премини во Појасот Газа за да дозволи помошта да дојде во Газа, предупредувајќи дека помошта за крајбрежната палестинска енклава е на рекордно ниско ниво, јави ДПА.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами заедно да го водат новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, давајќи уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот.
Пит Хегсет, американски воен ветеран и водител на вести на телевизијата ФОКС, ќе биде новиот американски министер за одбрана, одлучи новиот претседател Доналд Трамп.