Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон, јави Еј-Би-Си. Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места, а сегашниот демократ Боб Кејси од Пенсилванија заостанува зад републиканецот Дејв Мекормик со огромен број гласови што останаа да се пребројат. Denesen
Републиканската партија го освои мнозинството и во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, бидејќи обезбеди 218 мандати, објави телевизијата Си-Би-Ес. Соодносот во Долниот дом во моментов е 218-208 за републиканците, а гласовите се уште се бројат во девет изборни места. Mk