Трифектата во Вашингтон (републиканска мајоризација во двата дома на американскиот Конгрес – Претставничкиот дом и Сенатот, како и со Трамповото претседателствување) што ќе следува во јануари, му дава на новоизбраниот американски претседател моќна позиција за да ја спроведе својата агенда.
А дури и претходно, со самата изборна победа, граѓаните на САД му делегираа огромна доверба и мандат на Трамп, за тој, со сиот расположлив инструментариум, да се спротивстави на досегашните политики на демократите, што и САД како врвна светска сила, а и светот ги доведоа во позиција на економско-социјална стагнација, сегрегација и внатрешни, а и глобални конфликти по низа основи: политички, економски, трговски и воени конфронтации Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон.