Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на конфликтот во Појасот Газа, изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото испратено од Борел во средата упатено до министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Како што пренесува МИА, во писмото испратено до министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел изразува „сериозна загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ во окупираната палестинска енклава и нагласи дека „досега овие грижи не биле земени предвид од Израел“.
Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, ѝ предложи на Унијата да го прекине политичкиот дијалог со Израел, наведувајќи ги можните прекршувања на човековите права во војната во Газа, според четворица дипломати и писмото во коешто увид имала агенцијата Reuters.