Трифектата во Вашингтон (републиканска мајоризација во двата дома на американскиот Конгрес – Претставничкиот дом и Сенатот, како и со Трамповото претседателствување) што ќе следува во јануари, му дава на новоизбраниот американски претседател моќна позиција за да ја спроведе својата агенда.
Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон, јави Еј-Би-Си. Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места, а сегашниот демократ Боб Кејси од Пенсилванија заостанува зад републиканецот Дејв Мекормик со огромен број гласови што останаа да се пребројат.