Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на дополнителни напори за одржување на стапката на плоднос и вројноста на населението во Кина, објави во петокот државната новинска агенција Xinhua, бидејќи земјата се соочува со ефектите од стареењето на населението. Netpress
„Кина треба да воспостави и подобри политики за поддршка на наталитетот за да промовира долгорочен балансиран развој на населението и треба да го зајакне развојот на човечките ресурси за да ја зголеми понудата на работна сила.“, рече Си. Си рече дека Кина треба да ја подобри координацијата меѓу кинескиот народ, економијата и ресурсите за да обезбеди „безбедност на луѓето“.
Во последниве месеци, кинеските власти открија мерки за подобро планирање на семејството и родителство и повикаа на напори за изградба на „млада култура на бракови и раѓање деца“ во обид да се зголеми стапката на наталитет. Kanal5