Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веќе почна да ги назначува своите клучни соработници во неговата идна администрација, што ќе биде негова силна поддршка во водењето на внатрешната и надворешната политика.
Доналд Трамп не му ја укажа таа чест во 2020 кога беше поразен на изборите, но Бајден ја врати традицијата претседателот во заминување да го покани ново избраниот претседател за да разговараат за непречената транзиција на власта.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) треба да биде укинато, а 1,5 милиони вработени во владата да бидат отпуштени како дел од новото Одделение за намалување на трошоците (DOGE), предложено од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.