На повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа, како и претходниот ден на Волстрит, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо зајакна, по вчерашниот пад. 360stepeni
Немаше значајни вести бидејќи инвеститорите ги очекуваат кварталните деловни резултати на Nvidia, кои ќе бидат објавени во среда.
Акциите на производителот на чипови се меѓу најголемите добитници последниве години, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција. Netpress
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,11 отсто, на 73,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,09 отсто, на 69,20 долари. Kajgana