Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на повеќе напори за одржување на стапката на фертилитет и бројот на населението во Кина, објави државната новинска агенција Ксинхуа, бидејќи земјата се соочува со ефектите од стареењето на населението. Kanal5
„Правниот систем што ги надгледува проблемите со населението и репродукцијата треба да се подобри за да помогне во зајакнувањето на демографијата“, Ксинхуа го цитираше Си во написот што ќе биде објавен утре во официјалното списание на Комунистичката партија на Кина.
Стапката на наталитет во Кина, со население од околу 1,4 милијарди, минатата година паднала на рекордно ниско ниво. Kanal5